Млада жена од државата Ново Мексико во САД, која минатата година го фрли своето новороденче во контејнер, вчера беше осудена на 16 години затвор. Поротата ја осуди Алексис Авила (19) за обид за убиство и злоупотреба на детето, пишува Ен-Би-Си.
На 7 јануари 2022 година, минувачите го нашле бебето во контејнер во Хобс, град со околу 40.000 жители. Бебето преживеало. Авила, која тогаш имала 18 години, ѝ рекла на полицијата дека не знаела дека е бремена до денот пред да се породи.
– Знам дека тоа што го направив беше погрешно и единствената личност на која навистина треба да ѝ се извинам е моето дете – рече Авила вчера на суд.
Интересно е што законот во државата Ново Мексико им дозволува на луѓето да носат бебиња стари на „безбедни места“ до 90 дена без да бидат обвинети дека ги напуштиле своите деца.