Млада Украинка поминала 2 години во руско заробеништво

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Маријана Чечељук, 24-годишна полицајка од украинскиот град Мариупол, беше меѓу воените заробеници кои Украина ги ослободи како дел од 52-та размена на воени заробеници. Маријана беше во заробеништво повеќе од две години.

По почетокот на инвазијата, Маријана и нејзината помала сестра се сокриле од руското бомбардирање во челичарницата Азовстал. По евакуацијата на цивилите од челичарницата, сестрите биле одвоени во руски филтрациски камп.

Русите, кога дознале за нејзината професија, ја однеле Маријана во истражниот затвор во Доњецк. Подоцна била држена во затворски логор во Оленивка, а потоа и во затворите во Таганрог и Мариупол, пишува Украинска правда.
– Се обидоа да ја намамат ќерка ми на руска страна со ветувања за голема плата и заплашување, но таа одби – изјави мајката на Маријана, Наталија Чечељук за весникот ЗМИНА во јануари 2024 година.

Мајката раскажала дека Маријана во заробеништво поминала низ бројни маки – била изгладнувана, тепана и подложена на други облици на малтретирање. Поради условите во притворот, здравствената состојба на Маријана се влошила – респираторните заболувања и болките во грлото прераснале во хронична форма на бронхитис.
– Маријана ослабе многу, имунолошкиот систем ѝ ослабна, косата почна да и опаѓа, а менструацијата и исчезна – ја опишува нејзината мајка состојбата на Маријана.

Ќерката не добивала писма од мајка си, иако постојано и ги праќала. Маријана не знаела апсолутно ништо за своето семејство, што се случило со нив, дали се живи и каде се наоѓаат.

Координативниот штаб за третман на воени затвореници објави видео на кое се гледаат војниците вратени од руско заробеништво. На видеото се гледа како Маријана плаче и првпат и се јавува на мајка си.

– Мамо, јас сум дома! Дома сум, мамо! Ти благодарам мамо што ме чекаше и не ме остави – ова се потресните зборови што девојката и ги упатува на мајка си.

Вкупно 70 мажи и 5 жени се вратени во Украина како дел од размената. Најмалку една третина од воените заробеници биле ранети, тешко болни или инвалиди.

Share This Article