More

    Млада девојка падна од карпа во Неретва

    spot_img

    Вистинската драма се случила денеска на традиционалните 457-ми скокови од Стариот мост во Мостар. Млада девојка која била на тераса од блиското кафуле паднала од карпа во реката Неретва додека ги гледала скоковите, пишува Аваз.

    Според првичните информации таа се здобила со повеќе скршеници, но е надвор од животна опасност, благодарение на брзата интервенција. Девојката ги следела скоковите во близина на градината на ресторанот со поглед на Стариот мост, а во еден момент најверојатно се лизнала и при падот неколку пати се удрила во карпите, по што паднала во Неретва.

    За среќа, на помош веднаш дошле припадниците на интервентната спасувачка служба во Мостар, како и итната помош и била избегната трагедија.

    Девојката била извлечена од реката со полесни физички повреди, потврди организаторот на скоковите Лоренц Листо за Н1.

    фото: принтскрин Аваз

    Потоа, таа била пренесена со чамец на итната помош за да и биде укажана лекарска помош. Девојката по падот била при свест, пренесуваат босанските медиуми.

    На традиционалните скокови од Стариот мост во Мостар денеска се натпреваруваа 33 скокачи од земјите од регионот, 18 скокачи во дисциплината скок на нозе и 15 во дисциплината скок на глава. Манифестацијата ја следеле голем број туристи и посетители од различни делови на светот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img