Видео кое во последните неколку часа кружи на социјалните мрежи покажува ладнокрвно убиство на улица во Њујорк. Напаѓачот нападнал и избодел до смрт млад човек кој минувал по улицата.
Како што се гледа на видеото, жртвата, за која се вели дека е американскиот активист и поет Рајан Карсон, седи на клупа и разговара со девојката. На неколку метри пред нив, маж без очигледна причина почнува да клоца работи паркирани покрај тротоарот.
Одеднаш, во напад на бес, тој се свртува на страна и го прашува: „Што по ѓаволите гледаш?“.
Младиот човек одговара „Не гледам во ништо“ и застанува меѓу својата девојка и разбеснетиот маж, кој почнува заканувачки да им приоѓа.
– Ќе те убијам! – му се заканува лутиот маж, додека младиот човек го моли да се смири и ги крева рацете. Напаѓачот потоа почнува да го брка младиот човек, продобувајќи го со нож, додека неговата девојка, која трча по нив, се слуша како вика „Ве молам, ве молам, ве молам!“.
При обидот да му побегне на разбеснетиот напаѓач, младиот човек паѓа на клупата на која седел претходно, а убиецот го фаќа за јакната и го фрла на земја, прободувајќи го неколку пати во градите.
Потоа ја плука девојката, го удрил телото на младиот човек и за неколку секунди бега од местото на настанот.
На снимката, неколку секунди по фаталниот напад, се гледа како жена брза кон вознемирената девојка и вели: „Оди внимавај на него, викам 911“.
Смртоносниот напад се случи рано минатиот понеделник на авенијата Лафајет, неколку блока од железничката станица Бедфорд-Ностранд во Њујорк, каде што парот излегол од метрото на враќање од свадба, соопшти полицијата.
До вторник попладне немаше уапсени во врска со грозоморното злосторство, но се трага по сторителот.