Кон крајот на минатиот месец на Фиџи се одржа меч за титулата на ИБО Океанија помеѓу Рунки Џоу и Убајд Хајдер, а Жу со прекин славеше во деветтото коло од мечот. За жал, тој меч заврши фатално за 25-годишниот Хајдер, инаку многу популарен спортист на Фиџи.
Недолго по натпреварот, на Хајдер му се слоши и изгуби свест, по што беше хоспитализиран. Две недели потоа стигна тажната вест дека младиот борец починал.
На видеото се гледа како Хајдер го спуштил коленото на подот при размената на удари. Го чекаше одбројувањето, па дури потоа стана. По натпреварот тој ја поздрави публиката и отиде да му честита на противникот.
Немаше индикации дека само неколку минути подоцна младиот спортист ќе изгуби свест и дека подоцна исходот ќе биде фатален за него.
Хајдер имаше сопруга и два сина.