МКС би можел да истражи можни воени злосторства во Украина.

Saso
By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Обвинителот на Меѓународниот кривичен суд (МКС) Карим Кан изрази загриженост во петокот поради рускиот напад врз Украина и рече дека судот би можел да истражи можни воени злосторства во земјата.

-„Внимателно ги следам случувањата во Украина… Ги потсетувам сите страни вклучени во конфликтот на украинска територија дека мојата канцеларија ќе ја искористи својата јурисдикција за да истражи каков било акт на геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства“, рече Кан во изјавата.

По руската анексија на Крим во 2014 година и конфликтот меѓу проруските бунтовници и украинските сили во источна Украина, Киев ја прифати јурисдикцијата на МКС за злосторствата извршени на украинска територија од февруари 2014 година.Обвинителите на МКС објавија во декември 2020 година дека веруваат дека биле извршени воени и други злосторства во областа.Првите истраги се завршени, но до судиите не е испратено официјално барање за отворање целосна истрага.

Русија не е членка на МКС и се спротивстави на судот да се занимава со случајот.

Share This Article