Министерството за надворешни работи информира дека во согласност со Договорот од Преспа, кодот NМК се употребува исклучиво за регистарските таблички на возилата. За сите други намени, кодот за земјата е МК и МКD, согласно Меѓународната организација за стандардизација (ИСО) и како таков стои во документите издадени од Република Северна Македонија, меѓудругото и во патни исправи, лични карти, возачки и сообраќајни дозволи.
Во врска со наводите во одредени медиуми за враќање на наши граѓани од граничните премини со Грција, заради кодот МК на новите сообраќајни дозволи, Министерството стапи во контакт со грчката страна, и во Скопје и во Атина, укажувајќи за ова прашање. Добиено е уверување дека тоа не е и нема да биде проблем.