More

    Мицотакис убедливо го порази Ципрас

    spot_img

    Со собир пред централните канцеларии на Нова демократија, со огномет и развиорени партиски и грчки знамиња, како и со поздравен говор на лидерот Кирјакос Мицотакис, симпатизерите, поддржувачите и членовите на партијата вечерва ја слават победата на парламентарните избори во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

    Откако Нова демократија убедливо ја победи СИРИЗА со 22,7 отсто разлика, Мицотакис во изјава за медиумите им се заблагодари на граѓаните за довербата, посочи дека добиле безбедно мнозинство, планираните реформите ќе ги спроведат со брз ритам, и истакна дека „ќе биде премиер на сите Грци“.

    – Денешниот изборен резултат Грција отвора ново историско поглавје на својот пат. Граѓаните по втор пат за неколку недели не испратија само порака за континуитет на патот што го зацртавме пред четири години, туку ни дадоа силен мандат да чекориме побрзо по патот на големите промени кои ѝ се потребни на нашата земја – порача лидерот на Нова демократија и следен премиер на Грција.

    Посочи дека кога пред 20 год ги направил првите чекори во политиката никогаш не замислувал дека сега ќе ја има „оваа голема одговорност, избран по втор пат да формира еднопартиска влада и тоа со силен мандат“.

    – Денеска уште малку ќе ѝ се радуваме на нашата победа. Но, од утре наутро повторно ќе ги засукаме ракавите и ги започнуваме напорите заедно да изградиме силна Грција, татковина со повеќе просперитет, со повеќе правда за сите – порача Мицотакис и додаде дека „утре осамнува уште подобар ден“.

    Се огласи и Алексис Ципрас од СИРИЗА.

    – За СИРИЗА се затвори голем и креативен историски циклус, циклус на позитивен придонес кон општеството и земјата – истакна лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас по денешниот пораз на партијата на парламентарните избори во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

    Паралелно потенцираше дека треба да се направат потребните промени за да се отвори, како што рече, нов, уште понадежен циклус.

    Посочи дека партијата ја презема одговорноста за резултатите, а членовите ќе ги донесат потребните одлуки, а во целиот тој колективен процес на реконструкција на партијата тој ќе биде првиот што се стави на располагање на партиските органи за да ја оценат неговата работа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img