More

    Мицотакис се пожалил во ЕУ од Мицкоски и од Сиљановска Давкова

    spot_img

    Раководството на Северна Македонија продолжува да го прекршува Договорот од Преспа. Дополнително, се враќа на дејствија од минатото кои алудираат на иредентистичко расположение и целосно непознавање на историјата, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

    Во соопштението на грчкото МНР, „за прекршувањето на Договорот од Преспа од страна на раководството на Северна Македонија“, пишува дека министерот за надворешни работи на Грција „пред неговите колеги во рамките на Советот за надворешни работи веќе детално ги покрена соодветните прекршувања и ќе продолжи да го прави тоа“.

    „Дополнително, прашањето се покренува на меѓународно ниво од страна на грчката Влада. Раководството на Северна Македонија секојдневно, сè повеќе се оддалечува од добрососедските односи што го претставуваат јадрото на европското законодавство и меѓународното право“, пишува во соопштението од грчкото МНР.

    Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на вчерашниот Европски совет ги информирал неговите колеги за „фактот што и претседателката и премиерот на Северна Македонија директно го прекршуваат Договорот од Преспа“ и посочил дека е неопходно сите да разберат дека „почитувањето на европското законодавство, очигледно поминува преку верното почитување на меѓународните договори“.

    – Со оглед на тоа што имаше дел за прашањата за проширувањето, презедов иницијатива и ги информирав моите колега во Европскиот совет за случувањата во Северна Македонија, за фактот што и претседателката и мандатарот за премиер всушност директно го прекршуваат Договорот од Преспа, игнорирајќи го во пракса ерга омнес и избирајќи да користат друго име, а не уставно дефинираното име на земјата, за внатрешна употреба, што е целосно спротивно на духот на Договорот од Преспа – рече Мицотакис.

    Од опозициската СИРИЗА доцна синоќа излегоа со соопштение во однос на средбата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова со делегацијата од Сојузот на Здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија – МАКЕДОН, коментирајќи дека ги осудуваат „иредентистичките ставови“ и ја повикаа актуелната грчка Влада да го интернационализира прашањето.

    – СИРИЗА недвосмислено ги осудува иредентистичките ставови на претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска, за наводна „Егејска Македонија“, со кои грубо се крши членот 4 од Договорот од Преспа. Ја повикуваме Владата на Мицотакис конечно да се разбуди од дипломатската летаргија во која западна и веднаш да го интернационализира прашањето, со цел Владата на Северна Македонија да се најде соочена со своите одговорности, кои се однесуваат и на нејзиниот пристапен процес во ЕУ и на воведувањето санкции за оние го прекршуваат Договорот од Преспа според законодавството на САД од 2021 година, соопштија од СИРИЗА.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img