Мицотакис: Почитувањето на Договорот од Преспа е неопходен предуслов за да се отвори европски пат на соседната земја во некој момент

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Почитувањето на Договорот од Преспа е неопходен предуслов за да се отвори европски пат на соседната земја во некој момент, рече грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис, на прес-конференцијата по завршувањето на Самитот на ЕУ во Брисел и уште еднаш ја истакна потребата да се почитуваат меѓународните договори, јави дописничката на МИА од Атина.

На новинарско прашање дали премиерот Христијан Мицкоски во Брисел говорел за Македонци и за Македонија, Мицотакис коментираше дека пред него, односно на Самитот и на состанокот на Европската народна партија, „го користеше официјалното и единственото име на земјата“.

– Сакам да нагласам, единственото име на државата е Северна Македонија, кое во секој случај има обврска да го користи ерга омнес, односно и во внатрешноста на неговата земја. И вчера и денеска ја повторив потребата од апсолутно почитување на меѓународните договори. Нема да го повторам моето мислење за Договорот од Преспа. Сум кажал дека нашата земја е обврзана да го почитува, а подеднакво обврзана да го почитува е и соседната земја. И ова е очигледно неопходен, не доволен, туку сигурно неопходен предуслов за да започне во некој момент… суштински да се отвори нејзиниот европски пат – рече Мицотакис.

Share This Article