More

    Мицотакис истакна поддршката на регионот на патот кон ЕУ

    spot_img

    Во последниот период е постигнат значаен напредок во пристапниот процес на Западен Бакан во Европската Унија, а Грција продолжува да ја поддржува европската перспектива на сите земји од регионот. Посебно сум задоволен што европското семејство со соодветна геополитичка важност го третира пристапот на Западен Балкан кон Европа, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Тирана пред почетокот на Самитот ЕУ-Западен Балкан, јави дописничката на МИА од Атина.

    Тој изрази задоволство што Самитот за првпат се одржува во земја кандидат за членство и потсети дека пристапниот процес за регионот започна во Солун во 2003 година.

    Се осврна и на средбите што ќе ги има со албанскиот државен врв, посочувајќи дека е прва посета на грчки премиер на Албанија од 2009 година, а паралелно изрази жалење што поради лошите временски услови е одложена планираната за утре, посета на албанските градови во кои живее грчко малцинство.

    Одговарајќи на новинарско прашање за дијалгот Белград – Приштина, рече дека ја сфаќаат сложеноста на темата, но додаде дека „исто така разбираат дека ако не се реши прашањето, за чие решение ќе треба и двете страни да отстапат еден чекор, тогаш ќе биде тешко да се постигне неопходиниот напредок за целосна интерација на Западен Балкан во европското семејство”. с

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img