More

    Мицотакис има различно гледиште од Макрон

    spot_img

    Не постои никакво прашање за испраќање европски сили на НАТО во Украина, порача грчкиот премиер Киријакос Мицотакис по завршувањето на конференцијата за поддршка на Украина што вчера се одржа во Париз, јави дописничката на МИА од Атина.

    Во врскса со изјавата на францускиот Емануел Макрон дека „не е исклучено испраќањето војници“ Мицотакис изјави:

    – Мислам дека постигнавме и рамка, за која би рекол дека не отстапува многу од одлуките што ги донесовме на Европскиот совет за тоа како оваа помош, на практичен начин, може да има посуштински и покорисен резултат за Украина. Освен тоа, бидејќи слушнав и разни коментари од колеги за прашањата за кои можеби се разговарало во просторијата, сакам да уверам дека не постои никакво прашање за испраќање сили, европски сили на НАТО во внатрешноста на Украина. Прашање кое не постои за Грција и верувам дека не постои ни за големото мнозинство од нашите колеги – истакна Мицотакис.

    Мицотакис посочи дека разговорите со францускиот претседателот и колегите од другите земји „секогаш се од особен интерес“ и изрази уверување дека ги потврдиле единството и одлучноста за поддршка на Украина „за да може на најдобар можен начин да се одбрани од руската инвазија“.

    Грчкиот премиер додаде дека дискусијата за конкретното прашање „го одвлекува вниманието од суштината на напорите за практична поддршка на Украина“.

    На конференцијата за Украина во понделеникот во Париз Макрон пред 20 шефоцви на држави и премиери  изјави дека не ја исклучува можноста за распоредување француски копнени трупи во Украина. Макрон призна дека нема консензус за употреба на копнени трупи во Украина, а дека секоја земја може самостојно и суверено да одлучува за евентуално распоредување.

    Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека Словачка нема да испраќа свои војници на територијата на Украина.

    – Словачка ќе ѝ понуди на Украина можност да обучува војници на наша територија, поточно единици за деминирање. Тезите на преговорите сведочат за фактот дека работите во Украина одат далеку над очекувањата. Како е можно да имаме воен план, а не мировен план – изјави премиерот на Словачка по состанокот на владата.

    Словачкиот премиер беше меѓу првите кои во медиумите открија дека се кова воен план во Европа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img