More

    Мицотакис: Храбро да ги признаеме грешките на државата

    spot_img

    Да почнам со тоа што е очигледно. Како премиер, им должам на сите, но пред сè на роднините на жртвите, огромно извинување, и лично и во името на сите кои управуваа со земјата низ годините. Затоа што, навистина, не може во Грција во 2023 година, два воза да се движат во спротивна насока по иста пруга и никој да не е помудар, напиша премиерот Киријакос Мицотакис во денешната објава на социјалните мрежи, осврнувајќи се на трагичната железничка несреќа близу Лариса во која загинаа 57 лица.

    Истакнувајќи дека не сака да повторува флоскули, туку да ги „среди своите мисли“, Мицотакис рече:

    „Не можеме, не треба и не сакаме да се криеме зад човечката грешка. Доколку проектот за телеменаџмент беше завршен, практично ќе беше невозможно да се случи оваа фатална несреќа. Фактот дека системот за дигитална контрола ќе биде целосно функционален во следните неколку месеци не е оправдување. Уште поголема ми е болката што немавме време да го завршиме пред да се случи несреќата“.

    Премиерот увери и дека правниот сектор бргу ќе истражи и ќе припише одговорност за случајот, додавајќи дека надлежниот министер во следните неколку дена ќе објави мерки за итно подобрување на безбедноста на железницата додека не се комплетираат електронските системи.

    „Сега имаме должност да застанеме покрај семејствата на жртвите, храбро признавајќи ги грешките на државата“, рече тој.

    „Но, ова исто така не е доволно. Веднаш ќе побарам помош од Европската комисија и пријателските нации во обезбедувањето знаење, за конечно да имаме модерни возови. Ќе се борам за да добиеме дополнително финансирање од Заедницата за да го извршиме одржувањето и брзо да ја надградиме постоечката мрежа“, додаде тој.

    На крајот, рече премиерот, има намера да им предложи на сите партии да се обврзат дека следниот Парламент ќе формира Специјален комитет кој ќе го истражува сето она што се случувало во грчките железници во последните 20 години, за да земјата конечно може да ги направи сите работи што требаше да се направат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img