Мицкоски за солидарниот данок

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Шверцерски закон, кој што има за цел тие кои што се лојални и плаќаат даноци и обврски кон државата да плаќаат повеќе, а да ги штити оние кои што не се лојални граѓани кон Македонија и кои ионака до сега не ги плаќале своите обврски и даноците кон државата – изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот став за солидарниот данок кој владата на СДСМ и ДУИ ќе го турка со европско знаменце.

Мицкоски рече дека „за едни владата на ДУИ, поддржана од измеќарот СДС е мајка, а за други маќеа и тоа граѓаните го чувствуваат“.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека солидарниот данок е само дополнителен данок врз џебот на лојалните граѓани кои редовни ги исполнуваат обврските и плаќаат данок, на сметка на оние кои тоа не го прават, кажувајќи пример што му се случил на негов пријател на Пластичарска улица.

– Ова не е солидарен данок, ова е дополнителен арач врз оние кои што се лојални граѓани во Македонија, а не за оние кои што не се лојални и кои што денеска се, би рекол, главните творци на сивата економија во Македонија. Постојат многу места во Македонија кои што се сива зона, нема фискални сметки каде што луѓето се уште не добиваат фактури, туку плаќањето е исклучиво во кеш. Еве, јас ќе ви кажам еден пример, мој пријател пред некој ден ми се јавува и ми вели за прв пат во центарот на Скопје се чувствувам како вистински европеец и го прашувам како, дали чувствуваше дека има некаков напредок во квалитетот, и вели – на Пластичарска платив во евра и не само што не добив фискална сметка, туку извадив евра од џеб и во евра ми вратија кусур! И сега наместо тие таквите оваа држава да ги санкционира, тие се повластени, тие не смееме да ги задеваме, туку овие кои што плаќаат, е на тие ќе им дадеме дополнителен данок и ќе го именуваме како солидарен – рече Мицкоски.

Share This Article