More

    Мицкоски за „Политика“ вели дека францускиот предлог не нуди почеток на евроинтеграција

    spot_img

    Францускиот предлог за решавање на билатералниот спор меѓу Бугарија и Северна Македонија не нуди почеток на македонската евроинтеграција, туку, напротив, отвора бесконечни преговори или асимилација по бугарски диктат, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

    – Во Бугарија ликуваат што овој предлог ги содржи сите нивни барања кои се крајно неповолни за Македонија и имаат тенденција да го негираат македонскиот идентитет, јазик и историја – тврди Мицкоски во интервју за белградска „Политика“.

    Според него, како што јави дописникот на МИА од Белград, тука повторно имаме уцени, ултиматуми, диктат.

    – Доколку на оваа содржина се додаде и едностраната декларација на Бугарија, која директно ја негира посебноста на македонскиот јазик и нотира дека тој е бугарски дијалект, очигледно е во каква позиција е Македонија, која нема никакви гаранции од Европската Унија за европската перспектива – вели Мицкоски.

    Како што тој го оцени францускиот предлог, „по сите голготи низ кои помина, македонскиот народ не може да биде согласен со овој предлог“.
    – ВМРО-ДПМНЕ како одговорна партија ѝ предлага на владејачката СДСМ да го отфрли францускиот предлог за евроинтеграции, а ние ќе се откажеме од барањето за предвремени избори – изјави Мицкоски.

    Тој тврди дека протестите во земјава добиваат поддршка не само од ВМРО-ДПМНЕ, туку и од интелектуалци, експерти на евроинтеграциите и поддржувачи на владејачката партија, додавајќи дека земјава има свои цели и мора цврсто и одлучно да застане зад своите интереси.

    – Ние сме кандидати за членство во ЕУ веќе 17 години и мораме да работиме за достоинствено да го добиеме тој датум за влез во ЕУ – рече тој.

    Говорејќи за Отворен Балкан, Мицкоски вели дека ја поддржува таа иницијатива, но оти таа не смее да биде алтернатива на ЕУ.

    – Реформите на балканските земји се потребни и треба да продолжат без разлика дали се резултат на некоја регионална соработка или се спроведуваат од секоја земја посебно. Јас верувам во идејата за обединет Балкан во обединета Европа – додава Мицкоски во интервјуто за „Политика“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img