Мицкоски за амнестијата за организаторите на „27 април“

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Премиерот Христијан Мицкоски денеска не сакаше да ги коментира случаите со најавената амнестија за организаторите во настаните од 27 април и случајот со злоупотреба на пари во „Државна лотарија“.

– Тоа е судска одлука. Јас не би имал што да додадам, што да коментирам. Се сеќавате и во текот на расправата и во текот на претресот имаше контроверзни изјави од многумина од учесниците во овој процес така што јас би се воздржал од каков било дополнителен коментар – рече премиерот Мицкоски, кој беше на започнување на проектот за реконструкција на коловозот на патот кон манастирот „Пеленица“ во Општина Кисела Вода.

Премиерот не сакаше да зборува за случајот со Државна лотарија, но кажа дека биле злоупотребени многу повеќе од осум милиони евра. Прашан дали со тие пари биле вложувани во криптовалути рече дека не би сакал да зборува ништо што е поврзана со истрагата.

Share This Article