More

    Мицкоски вели дека во тој случај можен е референдум за Преговарачката рамка

    spot_img

    Бугарија би можела да се откаже од барањето за внесување на Бугарите во македонскиот Устав, поради блокадата која ја најавија пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, а за возврат би побарала (или по правилата би добила)  Преговарачката рамка со билатералниот договор и Протоколот да станат задолжителна европска преговарачка рамка за Македонија. Вака лидерот на македонската опозиција Христијан Мицкоски денеска пред новинарите ги објасни следните можни случувања во преговорите со ЕУ.

    Ова е една од причините зошто ВМРО-ДПМНЕ навестува можен референдум во кој прашањето ќе биде околу тоа дали народот ја прифаќа преговарачката рамка, за што постојат разни мислења на експертите.

    – Сега Бугарија нема ништо, таа е изолирана во нејзината намера да се фокусира на протоколи и на билатералниот договор. Тие уште го немаат европеизирано нивното барање. Излезе еден брифинг –‘што ако Софија се повлече од барањето за уставни измени‘? Не би ме чудело тоа, а тука тоа Владата ќе го претстави како голема победа. Не, повлекувањето на Софија и репроектирањето пред вториот кластер, ако тоа се случи, ќе значи дека Владата ќе ја прифати Преговарачката рамка и тогаш билатералниот договор ќе стане европски договор – изјави Мицкоски.

    Опозициската ВМРО-ДПМНЕ утре ќе разговара за евентуален референдум во кој народот ќе се изјасни за ова прашање. Според експертите, клучно е како ќе биде формулирано прашањето во однос на преговарачката рамка во референдумот.

    За да покренат иницијатива за референдум, од ВМРО-ДПМНЕ би побарале 150.000 потписи од народот, за кои ќе им требаат три месеци.

    Дури и власта и владеачкото мнозинство да одбијат референдумот да се одржи, Уставот на Република Македонија предвидува тој задолжително да се спроведе пред влезот на земјата во ЕУ.

    Запрашан да ја коментира изјавата на еврокомесарот Оливер Вархеји кој вчера рече дека случувањата во Собранието за време на дебатата за францускиот предлог „не се европски вредности“ Мицкоски рече:

    – Мојот став е дека Македонија и македонскиот народ премногу дадоа за тие европски вредности. Насила ни беше сменето знамето, насила ни беше наметната времената референца за името, добивме случај во Хаг, но и тој насила ни беше поништен под изговор дека тоа е меѓународно право и појаките имаат поголемо право. Потоа насила ни беше променет Уставот, насила ни беше променето уставното име, насила сега беше прошверцуван обид да се начне македонскиот идентитет и ако сите овие се европски вредности, простете но јас не сакам да ги споделувам.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img