Мицкоски вели дека владата стравува од голема изборна победа на ВМРО-ДПМНЕ

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Претседателскиот кандидат и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека партиите од власта сакаат да ја наметнат темата за руско влијание мислејќи дека ќе добијат некој поен плус, но дека никој не е толку наивен да верува во логиката на власта да мавтаат со една рака со знамињата на ЕУ и со другата ја крадат државата. Во гостување на ТВ Клан тој изјави:

– На тој начин тие се обидуваат да направат поларизација на која што ќе им се допаднат на некои центри на моќ коишто се надвор од Македонија, имајќи ја предвид агресијата која што ја направи руската држава кон Украина и имајќи ја предвид перцепцијата и мислењето во свтската јавност кон која што ние се стремиме, тука пред сè мислам на Европската унија и САД и мислат дека на тој начин ќе добијат поен плус и дека додека крадат и додека ја уништуваат Македонија со едната рака со другата рака ќе мавтаат со знаменцата на ЕУ и САД. Мислам дека веќе никој не е толку наивен да паѓа на овие евтини естрадни трикови – потенцираше Мицкоски во емисијата „Клан директ“.

Тој исто така додаде дека ваквата тема која власта сака да ја наметне е апстрактна бидејќи историски гледано руското влијание во Македонија можеби е најмало на Балканот, а граѓаните на Македонија ја гледаат нивната иднина во ЕУ и имаат направено најмногу од сите народи за да бидат дел од ЕУ.

– Тоа е обид на луѓето коишто се сè уште во власта за дефокус на јавното мислење и тие мислат дека на тој начин ќе наметнат тема во јавноста и сега ние треба околу таа тема и периметарот на таа тема да дискутираме, да кажуваме кој е за Русија, кој е против Русија, кој е за ЕУ и кој е против ЕУ. Ниту едната, ниту другата тема се суштински теми. И едната и другата се апстрактни теми затоа што историски гледано руското влијание во Македонија можеби е најмало на Балканот, тоа е прво и второ историски гледано граѓаните во Македонија се едни од оние на Балканот којшто најмногу ја гледаат својата иднина во рамките на ЕУ – истакна Мицкоски и додаде:

– Граѓаните на Македонија направија можеби најмногу од сите народи во Источна Европа за да бидат дел од таа Европска Унија, а тоа што не сме таму, тоа е прашање од сосема друга природа. Тоа е најмногу поради оние непринципиелни блокади коишто ги имавме од нашите соседи, а потоа од криминалните политичари коишто досега ја водеа Македонија.

Одговарајќи на прашањето што може да очекуваат граѓаните и кој ќе биде фокусот на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните и на претседателските избори, рече дека ќе биде за подобро утре и иднина за сите граѓани, но и борба со криминалот и корупцијата и конечно почитување на принципот владеење на правото.

– За подобро утре, за вистинска иднина. Иднина која што ќе значи повеќе пари за граѓаните, помалку криминал и корупција кај политичарите. Владеење на правото и борба за секој еден млад човек да остане тука во Македонија, затоа што само така можеме да имаме убава и заедничка иднина сите ние кои што сме дел од овие 26.000 квадратни километри – вели Мицкоски.

Мицкоски истакна дека и според анкетите и јавното мислење, граѓаните од идната влада на ВМРО-ДПМНЕ очекуваат подобар стандард, борба со криминалот и корупцијата и владеење на правото.

Ако ги анализирате анкетите и јавното мислење, граѓаните од идната влада очекуваат подобар стандард, да бидат побогати и борба со криминалот и корупцијата и владеење на правото, дециден е тој.

- Advertisement -
Ad image

Мицкоски рече дека  доколку следната недела би имале избори, излезноста би се движела меѓу 50% и 55%. Исто така, тој очекува ВМРО ДПМНЕ да добие најголем број на пратеници, СДСМ според него би имале околу 25, албанските политички  партии меѓу 25 и 27, а останатите партеници би ги поделиле партиите ЗНАМ и Левица.

– Очекувам разликата во првиот изборен  круг во корист на Силјановска  да биде повеќе од 100 илјади гласови. Се обложувам на победа на ВМРО ДПМНЕ на 8 мај, но не можам да се обложам дека ќе имаме 61 пратеник. Како што се доближуваме до изборите, гласачите сè повеќе ќе се сензибилнизираат. Не би бил изненаден ако продолжи сензибилинизирноста на граѓаните и бројот на гласачите да се зголеми – изјави Мицкоски.

Share This Article