More

    Мицкоски вели дека има други иницијативи кои ги спомнала и Бербок

    spot_img

    Уште не е донесена конечна одлука дали Владата ќе го објави писмото до Европската Унија со идеите за евроинтеграција на Македонија, откри премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција.

    Тој вели дека има лична дилема дали е потребно објавување на писмото по средбите со голем број европски високи функционери во Берлин на кои, вели тој, детално им ги објаснил идеите и ставовите на Владата.

    Мицкоски вели дека врз основа на тоа што било презентирано е поголем оптимист за европскиот пат откако се вратил од состаноците на Берлинскиот процес. Тој рече и дека добил пораки на поддршка и нови идеи од европските челници.

    – По посетата на Брисел, бидејќи сите ги запознав со содржината, имам лична дилема дали да го испратам писмото. Имајќи предвид дека претседателката на Европската комисија доаѓа на 24 декември, а и дека имавме можност на ручекот да разговараме, а и на маргините да разговараме со германскиот канцелар Олаф Шолц, имавме многу пријателска средба, потоа имавме непосредна комуникација со министерот за Европа на Франција кој дојде со директна порака од Макрон – рече Мицкоски.

    Запрашан да ја коментира изјавата на германската шефица на дипломатијата Аналена Бербок дека во ЕУ сепак се одлучува едногласно и дека Македонија мора да ги следи правилата, премиерот рече:

    – Имавме исклучително квалитетна посета. На маргините, но и на другите состаноци видов дека има други иницијативи кои ги спомна и самата Бербок по средбата со министерот Тимчо Муцунски. Мислам дека сето она коешто таму го добив како порака и како порака го испратив има додадена вредност од претходната состојба. Не би сакал јавно да споделувам детали, но сум поголем оптимист од пред средбите на Берлинскиот процес, по средбите со Шолц и со нашата сестринска партија ЦДУ.

    Новинарите го прашаа Мицкоски да ја коментира и изјавата на германскиот специјален пратеник за Западен Балкан, Мануел Сарацин, кој на брифинг со новинари од регионот кажа дека во Берлин на маргините на состаноците биле одбиени идеите на македонската владина делегација и дека заклучоците се јасни.

    – Не би сакал да коментирам брифинзи. Ќе продолжиме да ги решаваме проблемите дома, а надвор ќе се бориме преку механизми како Копенхашките критериуми, преку вистинските европските вредности кои не подразбираат ултиматуми и условувања. Ќе бараме трајно решение, а не решение од кое само едната страна ќе биде задоволна – одговори премиерот.

    Мицкоски нагласи дека никогаш нема да ги предаде националните интереси.

    – Мојата порака до граѓаните е дека однесувањето на оваа Влада ќе разочара една група луѓе, а тоа е опозицијата. Но, да бидат сигурни дека никогаш нема да ги напуштам интересите на огромното мнозинство граѓани кои нѐ гласаа, а тоа се националниот интерес и евроинтеграцијата – додаде Мицкоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img