More

    Мицкоски уверува дека нема да се обезбедат 80 пратеници

    spot_img

    Илјадници граѓани излегоа на улица да кажат „Не“ за францускиот предлог на протестот под мотото „Ултиматум не, благодарам“.

    Демонстрантите се собраа пред Владата од каде се упатија пред Министерство за правда, за последна дестинациија да биде просторот пред Собрание.

    – И мене ми е навистина големо задоволство да кажам дека повторно десетици илјади граѓани од Македонија излегуваат и протестираат против ова што се подготвува. И навистина тоа претставува за сите нас посебна чест, но и обврска, сите нас не обврзува.

    Ја користам оваа прилика да кажам дека денеска ја добивме информацијата дека Владата одлучила преговарачката рамка и оној втор документ кој што претставува заклучоци на Советот кој што се практично дел од договорот кој што владата на СДСМ и ДУИ го направила со официјална Софија го пренеле денеска во парламентот, иако не ја гледаме никој логиката зошто во парламентот кога станува збор за меѓувладин, односно владата е таа која што носи одлука во сето ова.

    Доколку донесе владата одлука за што ние силно протестираме и велиме да биде таа НЕ, тогаш парламентот е тој кој што одлучува, а јас силно ве уверувам дека ВМРО-ДПМНЕ нема да подржи какви било уставни измени. И во тоа да бидете сигурни и македонската јавност да биде сигурна дека што и да се случува со ова национално предавство и катастрофа која што ја подготвува владата на СДСМ и ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ во парламентот тоа нема да го подржи. За тоа се потребни 80 пратеници и бидете сигурни дека овие тие 80 пратеници ги немаат и тоа треба на сите да им е јасно. И во Македонија и надвор од Македонија.

    Истовремено сакам и на сите оние кои што се дел од овие протести но и оние кои што не се дел од овие протести, а кои што се обидуваат преку разно разни инфилтрирани групи, слуги на владата на СДСМ и ДУИ, наоружени и не наоружени, да им порачам дека нема да наседнуваме на нивните провокации, знаеме кои се сценаристите на сето ова, тие се оние кои што сакаат ова да не успее, кои што сакаат да ги задржат своите фотелји и привилегии на грбот на народот. Знаеме дека се тие кои што ги мотивираат и организираат, како што тоа се случуваше изминатите денови.

    Овој мирољубив народ знае дека силата е во масовноста, не е силата во насилството. Насилството е практично предавство на вредностите во кои што ние веруваме, а ние веруваме во мирен и демократски начин на изразување незадоволство во она кое што го подготвува оваа корумпирана, анационална, предавничка и ненародна власт.

    Затоа сакам сите ние заедно да им порачаме едно големо НЕ и на тие насилници кои што се обидуваат да го контаминираат овој сенароден, голем чист како солза, бебешка солза протест против ова национално предавство кое што се подготвува.

    Ќе повторам силата не е во насилството, силата е во масовноста. Насилството е само предавство на вистинските вредности во кои што ние како генерација на политичари, граѓани во Македонија веруваме без разлика на нашите политички различности, бидејќи овде нема само припадници на ВМРО-ДПМНЕ, има и од на СДСМ, има неопределени без разлика на верските и етничките разлики.

    Ние веруваме дека она кое  што е денеска на маса не е тоа кое што ја осигурува нашата иднина, туку напротив не ја осигурува нашата иднина – порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред присутните на протестот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img