Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, на својот Фејсбук профил објави неколку фотографии од бадниковата вечера во неговиот дом.
„Семејството е најсилниот темел зад секоја борба и секоја победа. Заеднички труд за целта во која верувате. Мајка ми го приготви лепчето, а Рози трпезата. Татко ми задолжен за кршење на бадниковото лепче, паричето падна кај Јован, а Антониј е најрадосен. Радувајте се на малите работи кои имаат големо значење за нашите животи. Христос се роди! Навистина се роди!“, напиша Мицковски на ФБ.