More

    Мицкоски упати честитка за верскиот празник Курбан Бајрам

    spot_img

    Курбан Бајрам е потсетник на човечкото постоење, како и на големото значење на меѓусебната доверба, дојде време заеднички да изградиме поцврсти темели за подобар животен стандард за секој еден граѓанин, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за новата влада, Христијан Мицкоски во честитката до припадниците на исламската вероисповед по повод верскиот празник Курбан Бајрам.

    „Дозволете ми во мое лично име и во име на членовите на ВМРО-ДПМНЕ на сите припадници на исламската вероисповед да им го честитам големиот верски празник Курбан Бајрам.

    На сите што го празнувате овој голем празник ви посакувам многу здравје, среќа и нека празничните мигови ви поминат во спокој, љубов и радост со најблиските.

    Курбан Бајрам да го поминете во духот на дарежливоста, помагањето и споделувањето на оние кои им е потребна помош истакнувајќи ја човечката хуманост и грижливост во овие прaзнични денови.

    Овој голем празник е потсетник на човечкото постоење, како и на големото значење на меѓусебната доверба, разбирање и толеранција како суштински услови за соживот и мир.

    Затоа ве повикувам сите заедно да започнеме, надминувајќи ги заеднички сите проблеми, да ја градиме Македонија врз европски вредности и принципи.

    Дојде време заеднички да изградиме поцврсти темели за подобар животен стандард за секој еден граѓанин без разлика на неговата етничка или верска припадност, темели за развој и просперитет на нашата држава.

    Сите обединети сплотени да изградиме држава каде што ќе има хармонија и напредок, економски просперитетна Македонија.

    Нека е честит големиот празник Курбан Бајрам!“ – порача Христијан Мицкоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img