Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на сите граѓани им го честита големиот празник 11 Октомври – Денот на народното востание.
„Борбата за Македонија никогаш не престанува, било да е тоа борба за напредок и подобар живот, било да е тоа борба против повампирените хегемонистички апетити кон Македонија. Токму денешниот празник е најдобар доказ дека идеалот за Македонија и патриотизмот е најсилно оружје на еден човек. Партизаните, тој 11 Октомври 1941 година, како и нивните претходници револуционери, покажале невиден хероизам да се спротивстават на фашистичкиот и секој друг окупатор на татковината затоа што ги водела љубовта кон Македонија. Таа љубов гори во нас и нема да дозволи никој да се пазари со националните и државните интереси. Нека е вечен празникот 11 Октомври“, наведува Мицкоски во честитката.