Мицкоски смета дека треба да се стави крај на непринципиелните коалиции

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Жално е да се гледа на какви ниски гранки падна СДСМ и се доведе себе си под својот минимум што го покажуваат и анкетите. Си ја руинираа партијата поради недоследните политики. Уште пожално е како ги молат од ДУИ да коалицираат со СДСМ само да го ублажат својот пораз. Практично се сведоа на тоа ДУИ да е спасителот на СДСМ и се крстат во нив, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за Прес24.

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ при носењето на оваа одлука треба да мисли на својата иднина и ако се доследни тогаш треба да се стави крај на непринципиелните коалиции.

– Што се однесува називот европски фронт, би рекол дека најголеми непријатели на европската идеја се токму СДСМ и ДУИ. Кој од народот ќе поверува во тоа дека истиве се европејци, а приватно договараат тендери и како тапкароши крадат од најмалите службеници до најголемите директори. Навистина е европски што дури и оглас за дрвосечачи на Македонски шуми го местат, па бараат Албанци за ова работно место во Кавадарци и Крива Паланка – рече тој.

Тој смета дека ДУИ мора да оди во опозиција.

– Замислете оваа партија е над дваесет години дел од власта. Таа е дел од сите подеми и падови. Нереформирана збирштина од луѓе кои се прикажуваат за заштитници на кауза, а впрочем се крадци кои се занимаваат со тендери и провизии. Е сега поради слабоста на СДСМ тие од техничката влада направија мегдан за пазарење и избоксуваа технички премиер. Е токму поради тоа се боревме и предлагавме укинување на техничката влада – рече Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека се гледа од авион што прават, или вистински европски вредности се тоа што при огромен скандал со цитостатици на Онкологија, нема ниту официјална истрага, не пак обвинение.

– Или тоа што претседателката на Врховен сакаат да ја разрешат затоа што не послуша насока од власта. Тоа се тие критериуми кои се се друго, само не европски вредности – изјави Мицкоски.

Share This Article