More

    Мицкоски смета дека Македонија е зрела држава и не ѝ треба техничка влада

    spot_img

    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска го повтори ставот дека партијата е подготвена да поддржи бришење на техничката Влада од Законот за Влада и од Изборниот законик. Според него, технички премиер кој би го предложила ДУИ ќе нема ниту народен ниту политички легитимитет.

    – Затоа цениме дека техничката Влада предводена со таквото кадровско решение и самата техничка Влада треба да биде дел од минатото. Македонија е земја кандидат за членство во ЕУ, Македонија е зрела држава да се интервенира во Законот за Влада и Изборниот законик и оваа одредба која ја дефинира техничката влада треба да биде конечно избришана – рече Мицкоски, кој беше во посета на Македонски Брод.

    Како ВМРО-ДПМНЕ, додаде тој, цениме дека на тој начин ќе им олесниме и на бизнисот и на граѓаните да не бидат сведоци на дневните препукувања и несогласувања кои ќе се случуваат во рамките на таа евентуална техничка Влада.

    Одговарајќи на новинарско прашање Мицкоски рече дека во рок од една година, откако ќе дојде на власт ВМРО – ДПМНЕ линеарно ќе ги покачи пензиите за 5.000 денари.

    Што се однесува на проектот „Намалување на данокот на профит“, којшто го најави Мицкоски деновиве на трибина  вели дека целта е Секторот за надворешна трговија од Министерството за економија да премине во Министерството за надворешни работи, со што ова министерство ќе прерасне во министерство за надворешни работи и надворешна трговија. Забележа дека целта за овој чекор е ова министерство да врши промоција на нашата земја низ Европа и светот, како земја во која има најниски даноци на профит.

    – Цениме дека голем дел од светските компании своите прифитни центри ќе ги донесат токму тука во Македонија – рече Мицкоски.

    Посочи дека идејата е за секоја компанија која ќе направи профитен центар и ќе пријави профит до 20 милиони евра данокот да биде 10%, а доколку се реинвестира тој профит тогаш, како што вели Мицкоски, данокот би бил нула проценти. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека колку што ќе биде поголем профитот на овие странски компании, толку ќе се намалува и данокот, на пример за профит од над 50 милиони евра, данокот на профит ќе биде 5%.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img