More

    Мицкоски смета дека дискустијата за уставните измени ќе заврши денеска

    spot_img

    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во Битола изјави дека не очекува дискусијата за уставните измени во собраниската Комисија за уставни прашања да трае десетина дена, туку очекува и има „чувство“ дека ќе заврши денеска.

    – Четириесет и четири пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се јасни и прецизни во својот став. Вчера имавме координација, без ниту еден збор никој да каже, јасно беше дека зборуваме сите на глас, а тоа е дека уставни измени под бугарски дикатат нема да има – порача Мицкоски, кој заедно со градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски изврши увид во градежните активности на паркингот на спортската сала „Боро Чурлевски“.

    Прашан дали постои можност за „манипулација“ на пленарната седница, не во однос на пратениците, туку во однос на техниката, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ одговори дека и за тоа имаат стратегија, иако очекуваат, како што рече, веднаш ако власта има 80 пратеници, да ја стави точката на дневен ред.

    – Ги повикувам веднаш, да заврши Уставната комисија, уште утре да закажат собраниска седница и да видиме дали имаат 80 пратеници или не. Ако не закажат тогаш е јасно дека немаат, ако немаат јас не гледам друга политика која оваа Влада би ја оправдала во нејзиното постоење и треба час поскоро да го распуштиме Парламентот и да одиме на парламентарни избори – изјави Мицкоски

    Според него, во Уставната комисија има 17 пратеници, а за да се најде точката на дневен ред на пленарна седница потребно е да има мнозинство во оваа комисија.

    – Ние ќе се се држиме до нашата македонска агенда и ќе ги штитиме македонските национални интереси – истакна Мицкоски.

    Собраниската Комисија за уставни прашања во Собранието денеска ја почна седницата број 1 со единствена точка на дневниот ред – Предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Северна Македонија со насоки за изменување и дополнување на Уставот на Република Северна Македонија. Од 17 присутни членови на Комисијата, „за“ предложениот дневен ред гласаа 10 пратеници, седуммина беа „против“, а воздржани немаше.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img