Премиерот Христијан Мицкоски објави дека на самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел имал средба со високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас.
„На средбата разговаравме од потребата ЕУ да го забрза процесот за интеграции и да направи заложба низ добра волја и заедничко разбирање да се одблокира нашиот пат кон ЕУ. Ги објаснив нашите позиции и нашите цели. Македонија заслужува да оди напред во интеграциите“, напиша премиерот Мицкоски на неговиот Фејсбук профил.