На маргините на настанот на Европската политичка заедница во Будимпешта остварив продуктивна средба со Францускиот претседател, Емануел Макрон, објави премиерот Христијан Мицкоски на социјалната мрежа Фејсбук.
„Отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон Европската Унија. Оптимист сум за нашата иднина, се бориме за нашите аргументи и вистината која е незаобиколива. Ќе дадеме се од себе да ги зачуваме државните и националните интереси“, пишува Мицкоски.
Премиерот учествува на Самитот на Eвропската политичка заедница, кој започна попладнево во Будимпешта.