Мицкоски: Продолжуваме да работиме на економскиот напредок, борба против криминалот и корупцијата и евроинтеграциите, 2025 ќе биде година на развој, раст и подобар живот за сите

Saso
By Saso 6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Измина уште една година зад нас.2024 беше година на тешки и сериозни околности не само кај нас, туку и во целиот свет. Војните во повеќе региони, трагедијата на жртвите и ранетите, економското влијание од сето тоа, но и даноците и ефектите од постапките на неодговорните политичари кај нас, ги живеевме и сè уште живееме сите, рече премиерот Христијан Мицкоски во предновогодишното обраќање.

2024 беше година кога граѓаните избираа каква иднина сакаат и одбраа одлучни и убедени како никогаш до сега, Македонија да биде повторно нивна. Таа победа не беше само број, тоа беше јасен мандат од народот за нов пат и нова визија. Ве уверувам ние ја почитуваме и ја чуваме таа доверба и секој ден работиме напорно за да ги исполнуваме ветувањата кои ги дадовме и ние таа заклетва и одговорност не ја забораваме.

Како Влада наследивме држава која тонеше во криминал и нефункционалност, која се соочуваше со сериозни проблеми, а турбуленциите и економско-социјалните и институционалните предизвици однесоа многу време и енергија.

Можеби работите за некого не одеа со посакуваната брзина, но ве уверувам дека ова е единствениот пат и дека се е работа на добро осмислен план, според кој свесни за вашите очекувања ќе ги реализираме ветувањата и ќе го направиме тоа што го очекувате од нас, тоа за кое не одбравте.

Чекор по чекор се изодува патот од илјада милји, и верувајте нема покус пат, туку има само исправен пат и соодветни чекори. А ова што ние го правиме е токму такво чекорење по патот до заедничката цел, рече Мицкоски.

Во овие 6 месеци направивме низа на чекори кои требаше да ја стабилизираат економијата, и кои доведоа до посакуваниот раст од 3 проценти кој претходно дури и во проекциите за Светската банка беше недостижен. Следната година планираме уште поголем раст, очекуваме сериозен исчекор во овој дел и нови убави вести, ефекти кои ќе ги почувствуваат сите граѓани.

Ги зголемивме пензиите, линеарно за две и половина илјади денари, а од март следната година следува ново покачување од две и половина илјади денари. Постигнавме зголемување на платите во образованието за минимум 46% во следните 4 години, додека тие во здравството тие веќе пораснаа за 10 проценти, а во следните години, во следните четири години ќе пораснат за 40 до 50%. Вработуваме 300 млади доктори и специјализанти. Се отпочна со мега проект за реализација на капитални проекти за општините од 250 милиони евра, во нови градинки, училишта, спортски сали, водови. Обезбедивме 250 милиони евра за развој на стопанството под супер евтина камата од 1.95%, имаме историски највисока поддршка и откупна цена за лозарите, тутунарите, оризопроизводителите и останатите земјоделци.

Постигнавме рекорд за привлекување на странски инвестиции над 1 милијарда евра и обезбедивме или забрзавме 8 нови странски инвестиции за нови 2.800 вработувања и многу, многу други проекти. Отворивме и фронт за борба против криминалот и корупцијата. Со докази, чекор по чекор, но одлучно.

Имаме уште многу работа. Со уште поголемо темпо и уште поодлучна акција.

- Advertisement -
Ad image

2025 ќе биде година на развој, раст и подобар живот за сите.

Ќе бидеме фокусирани на повеќе области, но приоритетно на 3 теми.

1. Економски и социјален раст и развој и повисок стандард. Повеќе пари за сите.

- Advertisement -
Ad image

2. Создавање на ред и систем, јакнење на институциите и борба против корупција, решавајќи ги притоа во од заостанатите и преостанатите дефекти на корупција во системот на сите нивоа како и нивните поддржувачи и соработници.

3. Интеграција во ЕУ и спроведување на реформи за членство во ЕУ, дури и ако опстојат предизвиците за почеток на преговорите, кои чекор по чекор ќе се трудам да ги надминуваме.

На трите теми ќе правиме максимум со добро осмислен план и тајминг на активности.

Во 2025 година ќе се пушти во употреба експресниот пат Куманово-Крива Паланка, како и Градско-Прилеп. Ќе биде готова првата фаза од пругата кон Бугарија, додека интензивно и без застој ќе се градат автопатите Гостивар – Букојчани, Прилеп-Битола и Кичево-Охрид. Ќе почнеме со градба на автопат Тетово-Гостивар. Ќе растат платите во повеќе области, како и пензиите. Ќе обезбедиме ваучери од 250 евра за електронски уреди за сите студенти како и евтини кредити за млади до 30 илјади евра. Ќе има проекти и мерки за сите граѓани, Македонци, Албанците, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и останати. Ќе работиме за сите посветено и одговорно, за ваш подобар и поквалитетен живот.

2025 година ќе биде година на надеж, оптимизам, успеси и многу работа!

Ќе работиме напорно и посветено во 2025 година, за да успееме да ја изградиме Македонија каква што сите вие граѓаните ја посакувате и каква што сите ние заедно ја заслужуваме.

Македонија, која ќе биде повторно ваша!

Среќна и успешна Нова година, исполнета со здравје, среќа и многу љубов!

Бог да ја благослови Македонија и нејзините граѓани, кажа во честитката за Новата Година премиерот Мицкоски.

Share This Article