More

    Мицкоски прифаќа лидерска средба в понеделник, но само по 11 часот – сабајлето имал часови на факултет

    spot_img

    Лидерската средба е прифатлива за ВМРО-ДПМНЕ за понеделник, но само доколку се одржи по 11 часот. Ваков одговор испратија денеска од опозициската партија, бидејќи, како што рекоа оттаму, претседателот на партијата Христијан Мицкоски, кој е редовен професор на Машинскиот факултет, пред 11 часот има часови со студенти.

    Од ВМРО-ДПМНЕ прифаќаат лидерска на која би се разговарало за конечно прецизирање на датум за избори, прифаќање на забелешките на ОБСЕ/ОДИХР, како и понудата за укинување на техничка влада, во замена за тоа да нема технички премиер од ДУИ, брифираат денеска од опозициската партија.

    – Од медиумите дознавме дека премиерот Ковачевски закажува лидерска средба за понеделник поврзана со изборите. Таквата комуникација преку медиуми за вака важни прашања е негов избор. Лидерска средба е секако прифатлива за во понеделник, на која очекуваме да се разговара конечно за прецизирање на датум за избори, прифаќање на забелешките на ОБСЕ/ОДИХР, како и понудата за укинување на техничка влада, во замена за тоа да нема технички оремиер од ДУИ – посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Премиерот Димитар Ковачевски синоќа на заедничката прес-конференција со потпретседателот на ЕК и висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел кажа дека денеска ќе упати покана за средба до сите претседатели на парламентарните политички партии, како и до претседателот на Собранието.

    Како теми за средбата ги посочи евроинтеграцијата, редовните претседателски и парламентарни избори, како и измените на Изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР. Пред неколку дена тој кажа дека форматот на средбата ќе биде ист како на претходната што се одржа во Собранието.

    Извесно е дека изборите во 2024 за пратеници ќе се одржат во мај, а првиот круг од претседателските избори две недели претходно. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img