More

    Мицкоски повтори дека цел свет го знае неговиот став за уставните измени

    spot_img

    Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е принципиелен и јасен во однос на уставните измени и тоа го знае и Европа и целиот свет, истакна лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

    Одговарајќи на новинарско прашање за изјавата на коалицискиот партнер Вреди дека останува шестмесечниот рок за уставни измени, Мицкоски повтори дека не функционира со ултиматуми и рокови.

    Во однос на прашањето дали државата ќе побара внесување на Македонците од Бугарија во бугарскиот Устав премиерот посочи дека најпрво треба да се почне со имплементација на пресудите од Судот за човекови права.

    – Ние како држава и како политичка партија имаме јасен став поврзан со одност на Бугарија кон македонската заедница таму. Имаме 14 пресуди од Судот за човекови права, што се однесуваат за македонската заедница и ниту една не е имплементирана. Треба од таму да поченеме. Не можете во животот да почнете од третиот чекор, треба од првиот чекор да почнете. Од таму да почнеме, да не зборуваме за ветувања, кои се невозможни. Еве овие 14 пресуди, не мора ни сите, дел од нив да ги имплементираме. Тоа е наша позиција поврзана со тоа прашање – рече Мицкоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img