Кртови ќе се појавуваат уште некое време, сѐ додека имаме рецидиви од 7-годишното управување со институциите од претходната власт, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Тој одговараше на новинарско прашање дали поминале во ред полициските акции во текот на изминатиот викенд или сѐуште се појавуваат кртови кои ги предупредуваат криминалците да пбегнат пред полициските апсења.
– Ќе бидат пронајдени и извадени од дупките во коишто се кријат и како глувци ќе одговараат – рече Мицкоски.