More

    Мицкоски побарал Брисел да не додава зачини во процесот за евроинтеграции

    spot_img

    Премиерот Христијан Мицкоски, кој престојува во работна посета на Брисел, денеска заедно со останатите лидери од земјите од Западниот Балкан присуствуваше на работен ручек во организација на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

    Во објава на неговиот профил на ФБ, премиерот Мицкоски наведе дека во фокусот на агендата на работниот ручек бил Планот за раст на Западниот Балкан на Европската комисија.

    – Подвлеков дека регионот и државата се уморни од ставање на страна и пречки кои се билатерални, а не се дел од објективните критериуми за пристапување во Унијата и дека мора да се направат поголеми напори за внесување доверба и кредибилност на целиот процес – потенцира Мицкоски во објавата.

    Премиерот натаму нагласува дека ја повторил и нашата заложба за остварување на стратешката цел – членство во Унијата и напредок базиран на реални и одржливи критериуми.

    Претходно, во објава на платформата Икс по средбата, Фон дер Лајен наведе дека сите шест земји партнери од Западниот Балкан ѝ припаѓаат на Европа.

    – Тоа е она на што работиме. Паралелно, ги доближуваме нивните економии и пазари до нашите со нашиот План за раст од 6 милијарди евра за регионот – наведе Фон дер Лајен во објавата.

    Европската комисија лани го промовираше Планот за раст на Западниот Балкан на, во чии рамки е формиран и Инструмент за раст и реформи, вреден шест милијарди евра наменети за реформи и проекти поврзани со социо-економската сфера и основните права. Целта на планот е жителите и економиите на земјите од Западниот Балкан да ги почувствуваат придобивките од членството во ЕУ уште пред зачленувањето во Унијата.

    На работниот ручек со Фон дер Лајен, покрај Мицкоски присуствуваа и премиерите на Албанија, Еди Рама, на Косово, Албин Курти и на Црна Гора, Милојко Спајиќ, претседавачката на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

    Мицкоски попладнево во Брисел ќе има средби и со претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, со еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји и со првиот човек на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (ГД НЕАР), Герт Јан Копман.

    Премиерот при посетата на Брисел е придружуван од министрите за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцински и за европски прашања Орхан Муртезани.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img