More

    Мицкоски: Платите на наставниците ќе се зголемат за пет отсто и постојано ќе растат

    spot_img

    Платите на наставниците ќе се зголемат за пет отсто и постојано ќе растат, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

    – Од октомвриската плата, која ќе биде исплатена во ноември, до февруарската плата која ќе биде исплатена март 2025 година ќе имаме покачување од 5% на платите, потоа во март 2025 година ќе имаме покачување од 7%. Во март 2026 година во зависност од состојбата на Буџетот ќе имаме покачување помеѓу 7,5 и 10%. Исто, во зависност од состојбата на буџетот, во март 2027 година ќе имаме зголемување помеѓу 7,5 и 10%, а во март 2028 година помеѓу 10 и 12,5 % покачување на платата, што би значело дека во март 2028-та наставниците и професорите во основното и средното образование треба да земаат отприлика минимум 46% повисока плата од таа којашто ја земаат денеска. Може и повеќе, во зависност од тоа која скала ќе биде применета, а тоа ќе зависи од приходната страна на самиот Буџет – соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски.

    Тој рече дека договореното следува после неколку неделни преговори и анализи, но и врз основа на информација како се полни буџетот и што се проектира за годините кои што следат.

    – Сакавме да постигнеме договор којшто ќе биде долгорочен, да не треба сега секоја година или секој месец повторно и повторно во јавноста се препелкаме, па да има кризи, па да има закани ќе правиме штрајкови и слично. Јас сум исклучително задоволен. Зседно со МОН и со Министерството за финансии, јас лично бев вклучен бев во овие преговори со Синдикатот на образованието, науката и културата. Се постигна договор којшто е историски за подобрувањето на финансиската состојба на самите наставници и професори во основното и средното образование – рече Мицкоски.

    Договорено е и најдоцна до февруари Колективниот договор биде завршен и потпишан, за да „имаме јасна основа како понатаму ќе се развиваме и кои ќе бидат коефициентите на сложеност на работните места“.

    – Уште еднаш, еве, нека е аирлија и нека се множат вака успешни приказни и договори – рече премиерот.

    Претседателот на СОНК Јаким Неделков потврди дека е договорено платата на наставниците постјано да расте.

    – Задоволството е уште поголемо што се договоривме за континуиран раст на платите во основно и средно образование во период од четири години, каде според нашите заеднички математики, конечно вработените во основно и средно образование, носителите на дејност, наставниците и професорите, ќе имаат плата во висина од просечна или нешто над просечна плата – рече Неделков.

    Како што додаде, ова е голем успех во преговорите, во социјалниот дијалог и партнерство и е доказ дека со заемно почитување и разбирање како социјални партнери, може да се дојде до прифатливи решенија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img