More

    Мицкоски откри како ќе се чувстува доколку тројцата ЕУ министри разговараат само за уставните промени

    spot_img

    Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски порача дека ќе биде навистина навреден од тројцата министри од ЕУ, доколку на средбата со него тие разговараат само на темата уставни измени.

    – Ако некој доаѓа овде да разговара само на тема уставни измени тогаш навистина ќе бидам разочаран и навреден како граѓанин на Македонија, бидејќи на сите анкети граѓаните во Македонија, уставните измени не ги ставаат ниту во првите десет приоритети – рече Мицкоски денеска во Занаетчиската комора пред попладневната средба со министрите на Австрија, Чешка и Словачка.

    – Ако навистина го почитувате овој народ и граѓаните и ако сакате европска иднина и перспектива на Македонија тогаш малку повеќе треба да посветиме внимание на криминалот и корупцијата, на реформите… – рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

    Според него, тој веќе ја затворил темата за уставните измени.

    – Имаа неколку решенија коишто ги понудив изминатава година, а тие ги одбија. Сега на маса е само една работа да седнеме и да се договориме за терминот за следните парламентарни избори. Се останато се рибарски приказни и фантазија на власта – вели Мицкоски.

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ очекува дека „конечно ќе се свестат луѓето во владата и конечно заеднички ќе излеземе со еден состанок со кој што ќе ја дефинираме датата за следните избори“.

    Инаку денеска во посета на нашата земја се министрите за надворешни работи на Австрија, Чешка и Словачка Александер Шаленберг Јан Липавски и Мирослав Влачовски, кои попладнево треба да се сретнат со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и со раководството на партијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img