More

    Мицкоски од Мечкин Камен – Илинден е темел на Македонија, тие се бореа за слобода, денешната борба е за достоинство и единство

    spot_img

    Дозволете ми најпрво од мое лично име и од името на ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани во Македонија да им го честитам овој национален и државен празник, бидејќи Илинден за сите нас претставува темел на нашиот идентитет, борба за државност. Ден за кој што многу наши браќа и сестри во минатото го положиле својот живот, ја дале својата крв за да можеме ние денеска слободно да живееме во независна држава Македонија, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

    – И овој ден Илинден претставува водилка како треба да живееме и како треба да ја чуваме нашата држава Македонија во иднина. А само тоа место Мечки Камен одекнува и денеска, има големо и силно значење и денеска, затоа што во една нерамноправна борба четата на војводата Питу Гули борејќи се со повеќе броен аскер го положи својот живот, даде жртва за слободата која што ние денеска ја живееме – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

     

    Тој посочи дека и денеска македонскиот народ, граѓаните во Македонија покажуваат пркост и знаат за што се борат, а се борат за својот идентитет, за својата држава и достоинствена иднина. Тоа е онаа порака која што денеска од мое име од името на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ од ова место од Мечкин Камен ја упатува до сите граѓани во Македонија.

    – Денеска од претставниците на власта ќе слушнете многу изјави, но додека ги зборуваат тие изјави пред медиумите знајте дека под маса договораат дополнително да го распродадат македонскиот супстрат и македонскиот идентитет за ден повеќе во фотелјите и ден повеќе да можат да ја пљачкаат и крадат Македонија. Но, пораката за единство на македонскиот народ е пред и над се, и тоа е порака која што денеска ја упатуваме од овде, од Мечкин Камен, затоа што кога македонскиот народ, кога граѓаните во Македонија се единствени, дури ни таков тип на политичари немаат никаков ефект и ништо не можат да направат. Само единствени ќе дојдеме до посакуваната цел, а тоа е Македонија која што ќе биде просперитетна, Македонија мајка на сите граѓани, развиена, Европска земја – вели Мицкоски.

    Тој претходно упати честитка со сите граѓани истакнувајќи дека Илинден е најсветлиот македонски ден. Илинден е симболот на македонската борба за слобода. Илинден е македонскиот темелник на државноста. Македонија и Илинден се две испреплетени нишки кои го означуваат идентитетот на секој Македонец, се вели во честитката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод Илинден.

    – Пред 120 години воден од идеалот за слобода, народот во Македонија ја започна епопејата, го посеа семето на непокорот и тоа беше крунисано со првото заседание на АСНОМ и создавањето на македонската држава. И двата Илиндена и тој во 1903 и тој во 1944 година беа меѓниците во македонската историја кои оставија неизбришлив траг во колективната меморија на Македонија – стои во честитката на Мицкоски.

    Илинден, додава Мицкоски, беше и ѕвездата водилка и на сите оние кои ја сонуваа и ја изборија македонската независност на 8-ми Септември, но ќе останат и ѕвезда водилка и на сите идни генерации кои ќе се борат за Македонија.

    – Борбата за Македонија никогаш нема престане. Таа е вечна исто како што е вечна идејата да изградиме татковина која е своја на своето, која е еднаква со сите под ова сонце и која ќе биде напредна и просперитетна. Тоа битисувало и во двата Илиндена, тоа битисува и денес – пишува Мицкоски во честитката.

    Додава дека сме горди на нашето минато и нема да дозволиме тоа некој да ни го погази или присвои.

    – Горди сме на нашите предци и на нивната саможртва да ја изградат Македонија. Тие се нашиот пример дека со сплотеност и одлучност можат да се постигнат сите цели. И денес како и пред еден век се справуваме со внатрешни и надворешни предизвици, но минатото не учи дека со обединетост, достоинство и верба во правдата ќе изградиме подобра иднина. Нека е вечен празникот Илинден. Нека е вечна Македонија – стои во честитката на Мицкоски по повод Илинден.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img