Мицкоски: Очекувам ВМРО-ДПМНЕ да освои помеѓу 52 до 56 пратеници на претстојните избори, врз основа на она што го покажуваат анкетите и расположението на гласачите

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Очекувам ВМРО-ДПМНЕ да освои помеѓу 52 до 56 пратеници на претстојните избори, врз основа на она што го покажуваат анкетите и расположението на гласачите – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во телевизија Сител во „Тема на денот”.

Тој ги повика останатите партии да го поддржат предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за законски измени со кои би се изменил рокот на важење на пасошите со името „Република Македонија“, а изрази подготвеност и да го поддржи предлогот на Либерално-демократската партија проблемот да се реши со тоа што патните исправи ќе важат до истекот на нивниот рок, но со официјален печат „Северна“ внатре во нив.

– Не сме го разгледале предлогот, но секое решение кое што ќе помогне да се решат проблемите на граѓаните, ќе го прифатиме и ќе го поддржиме – рече Мицкоски.

Тој го коментираше барањето на ДУИ за да се бира претседател во Парламентот, за кое рече дека „такви диктати не ни паѓа паѓа на памет да прифатиме“.

– Барањето на ДУИ претставува фолклор како што веќе го коментирав во јавноста. Обид за дефокус на јавноста од криминалот во кој сериозно се фатени од страна на јавноста. Обид да се наметне порака, обид да се наметне тема во јавноста, нешто слично на кампањата за парламентарните избори во 2020 година кога нели требаше премиер Албанец, сега потпретседател нели Албанец, да се бира претседателот во рамките на Собранието итн., и тоа го уценуваат со учество во вториот круг – истакна Мицкоски.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ не само што нема намера таков диктат да прифати, туку нема намера ниту да разговара врз основа на вакви пораки.

– Прво треба да знаат дека ВМРО-ДПМНЕ диктати не прифаќа и тоа е барем многу јасно. Ниту јас како личност, ниту пак ВМРО-ДПМНЕ. Треба да им е јасно од политиките досега кои сега ги водиме дека тоа за нас е неприфатливо по ниедна цена – рече Мицкоски.

Тој ја коментираше и постапката за собрирање потписи за канвдидатите за претседател и рече дека владејачките партии им помагаат на одредени кандидати за претседатели на државата со собирањето на потписите.

– Тоа е и целта на некои од кандидатите, не да се натпреваруваат да бидат претседатели или претседателски кандидати, туку да бидат практично опозиција на опозицискиот кандидат. И тоа е целта на власта – додаде Мицкоски.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article