Мицкоски очекува предвремените парламентарни да бидат во мај

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска уште еднаш повтори дека неговата партија останува на ставот за предвремени парламентарни избори. Тој очекува кон крајот на јануари или најдоцна во почетокот на февруари да се изгласа распуштање на Парламентот, во средината на февруари да се формира техничка влада, а изборите да се одржат во втората половина на мај.

Одговорајќи на новинарски прашања по централната свечена божествена литургија за Божик во Соборниот храм „Свети Климент Охридски” на која присуствуваше, Мицкоски, без да каже конкретни имиња, оцени дека „огромно мнозинство од пратениците на СДСМ и ДУИ рефлектираат позиција дека сакаат да има предвремени избори и да дојде крајот на оваа Влада”.

– Апсолутно остануваме на барањето за предвремени извори, за да може да тргне земјата напред. Да се обединиме околу тоа и да поддржиме предвремени избори најдоцна кон средината или втората половина на мај. Имајќи го предвид карактерот на ДУИ и СДСМ, опструираното судство и обвинителство, методите на кои се подготвени за да ги задржат фотелјите, не би одел со имиња. Ценам дека ова што нас нѐ охрабрува и нивните позиции за предвремени избори ќе додржат до крај и кон крајот на јануари, најдоцна почетокот на февруари ќе изгласаме распуштање на Парламентот, средината на февруари формирање техничка влада и избори втората половина на мај – рече Мицкоски.

Тој ги квалификува уставните измени како предавство.

– Тоа не е обединување, тоа е предавство и тоа требаше некој да го мисли пред да го договара. Ние не излеговме на избори ветувајќи им на граѓаните промена на Устав, не излеговме на избори ветувајќи им на граѓаните потпишување капитулација и предавство. Тој што тоа го потпишуваше треба да знае дека нема услови да го испорача. Тоа е токму еден од тие моменти кои внесуваат раздор меѓу македонскиот народ. Но, македонскиот народ е мудар и ако ги погледнете сите мерења на јавното мислење, ќе видите дека огромно мнозинство, повеќе од три четвртини, се противи на таквиот чин. Да бидеме чесни и да се обединиме околу чесноста кон граѓаните, а за тоа ни се потребни брзи предвремени парламентарни избори на кои секој од нас ќе излезе со програма и со свој начин на решавање на овој проблем, па граѓаните нека одлучат. Сега проблемот го имаме, ни го донесе оваа Влада на ДУИ и СДСМ и сега треба да го решаваме ако сакаме да одиме напред и да обезбедиме држава каква што заслужуваат нашите граѓани – истакна Мицкоски.

Во врска со пресудите за седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, партискиот лидер напомена дека пресудата не е правосилна.

– Откако ќе стане правосилна, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ја бара правдата се додека не биде задоволена. Ваков криминал и партиски опструиран суд во прв степен донесе пресуда која ќе се учи во учебниците како не треба да се суди – рече Мицкоски.

Тој претходно им го честиташе Божик на сите православни христијани, посакувајќи им мир, љубов, здравје, среќа и меѓусебно почитување.

– Ова се денови кога треба да се обединиме без разлика на нашите политички разлики, ова се денови кога треба да уаптиме порака на заедништво, тоа ни е потребно, ние сме мал народ, мала држава, само обединети и ако се почитуваме ќе стигнеме до целта, младите да останат тука, земјата да се развива како модерна европска држава сакана од сите граѓани – рече Мицкоски.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article