Мицкоски: Ние не се мешаме во внатрешните работи на политичките партии

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Ние не се мешаме, седиме на страна, бидејќи непримерно е тоа што го прават СДСМ и ДУИ кои директно се вклучени во случувањата во Алијанса на Албанците, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање како ги коментира случувањата во Алијанса на Албанците.

-Навистина сум шокиран од таквото однесување од страна на првенците пред сè од ДУИ и СДСМ, но тоа е нивна работа – рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека ни тој, ни партијата не се мешаат во внатрешните работи на останатите политички партии како што не сака другите партии да се мешаат во внатрешните работи на ВМРО-ДПМНЕ.

– Како ние што не сакаме никој да се меша во внатрешните работи во ВМРО-ДПМНЕ, така не сакаме да се мешаме во внатрешните работи на другите политички партии – дециден е Христијан Мицкоски.

Share This Article