Премиерот Христијан Мицкоски очекува годинава да се надмине бариерата од 1 милијарда евра странски директни инвестиции. Притоа најави уште најмалку две односно 4 нови странски инвестиции до крајот на годината.
-За прв пат ќе ја пробиеми, како Македонија, бариерата 1 милијарда евра странски директни инвестиции на крајот од годината. Но, да почекаме. Заклучно со третиот квартал имаме 838 милиони евра директни странски инвестиции. Очекувам да објавиме најмалку уште две и дополнително други две странски инвестиции до крајот на годината со што ќе бидеме водечки во регионот, ако не водечки по глава на жител. Ценам дека довербата кон институциите се враќа кај инвеститорите – рече Мицкоски.
Тој како што рече очекува дополнителен инвестициски бран по реализацијата на кредитот од 250 милиони евра за компаниите кој ќе биде ставен во функција од понеделник.