More

    МИЦКОСКИ НАЈАВИ НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ОД 8,5 МИЛИОНИ ЕВРА Ќе се отворат работни места за стотина луѓе

    spot_img

    „Сакам да ви соопштем убава вест. Имаме една нова инвестиција којашто е веќе завршена и уште неколку коишто се во процес на завршување“.

    Ова го изјави премиерот Христијан Мицкоски, кој рече дека очекувањата се до крајот на годината да завршат започнатите инвестиции.

    – Станува збор за инвестиција на компанијата „Бреjнчаjлд”. Вредноста е некаде околу 8,5 милиони евра и очекувам и таа да вработи околу стотина луѓе. Веќе ја закупија парцелата во зоната Жабени, почнуваат да ја градат првата хала од 3.000 квадратни метри. Така што, во периодот којшто следува ќе бидеме сведоци на уште, уште нови и успешни вести и очекувам бројот на странски инвестиции драматично да се зголеми до крајот на годината – изјави премиерот Мицкоски.

    Носењето на нови странски инвестиции, додаде тој, значи и отворање на нови работни места и поквалитетен и подобар животен стандард за граѓаните.

    – Затоа Владата посветено работи и ќе продолжи да работи и во иднина за силен економски развој и целосна трансформација на државата. Да се отвораат нови работни места, добро платени, за младите да има услови, да останат да работа, инвестираат и живеат во државата, наместо да се селат во странство – рече премиерот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img