Мицкоски најави нова германска инвестиција за производство на литиумски батерии, во вредност од 65 милиони евра и 700 нови вработувања 

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
„Да, веќе утре после напорна двомесечна работа и отстранување на сите оние недостатоци, коишто се акумулирале во месеците наназад, ќе имаме поставување на нов камен темелник на компанија којашто доаѓа од Германија“, најави претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Тој информираше дека инвестицијата е отприлика 60 до 65 милиони евра, некаде околу 700 нови вработувања и дека ќе се произведуваат литиумски батерии и додаде:

„Со завршувањето на оваа инвестиција ќе биде зголемен извозот, а со зголемување на извозот, ќе биде намалена разликата односно дефицитот помеѓу извозот и увозот и на тој начин ќе се зголемува бруто домашниот производ“.

„Така што еве да почекаме до утре па македонската јавност ќе биде сведок утре“, соопшти премиерот Мицкоски.

Share This Article