Мицкоски најави 15 нови странски инвестиции и 2.800 нови работни места

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

„Оваа година, 2024 година, беше година на стабилизација, односно слободното паѓање, коешто ни се случуваше, престана и полека почнавме да се враќаме на состојба нула, односно очекувам таа состојба нула да се случи некаде пролетта следната година. Иако некои индикатори и параметри велат дека и сега имаме една таква состојба во многу области, дури и дека состојбата е пред оние години на криза, 2019, 2020 и 2021 година, дека во овие месеци првите индикатори се појавуваат како такви”.

Ова го изјави претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, на денешната собраниска седница за поставување пратенички прашања.

Премиерот Мицкоски истакна дека во оваа година, којашто изминува, се очекува историски најголемо ниво на странски инвестиции поголеми од една милијарда евра, односно како што посочи, со ова Македонија ќе биде во првите 3 економии во Европа по глава на жител.

– Во оваа година, која изминува, за овие уште неколку дена очекувам историски најголемо ниво на странски инвестиции – поголеми од 1 милијарда евра – со што ќе бидеме во првите три економии во Европа по глава на жител кога станува збор за привлекување странски инвестиции – рече тој.

Премиерот Мицкоски најави нови 15 странски инвестиции, од кои за едната рече дека е во вредност од 360 милиони евра, со 500 нови добро платени работни места.

– Имаме нови, но имаме и такви кои беа заборавени од претходната влада, а започнати, коишто сега ние ги одглавивме заедно со институциите коишто работат во реализација на инвестирање и тие веќе се во процес на инвестирање и се разбира, договоривме нови коишто ќе почнат да се реализираат следната година. Станува збор за нови 2.800 работни места, а веќе сме во процес на нови 15 коишто веќе ги преговараме и се во завршна фаза, од кои едната ќе изнесува 360 милиони евра, а којашто очекуваме, откако ќе ги завршиме разговорите следната година, да ја објавиме во јануари, нешто што ќе значи огромна сума пари што ќе влезат во извозното портфолио на државата, 500 нови вработувања, високо платени и современа технологија – истакна премиерот Мицкоски.

Ние, вели тој, денеска ги поставуваме темелите на тоа како треба да изгледа македонската економија за 5-10 години од денес.

– И мислам дека оваа инвестиција на висока технологија, ако биде сè како што треба, ќе значи ново огромно влијание, позитивно врз БДП, кога ќе го достигне својот максимум таму некаде во 2028 година – потенцираше премиерот Мицкоски.

Share This Article