More

    Мицкоски наброја што сѐ не му се допаѓа во договорот со „Бехтел и Енка“

    spot_img

    Ние како ВМРО-ДПМНЕ не сме против никој проект што опфаќа одредена целна група, етничка група, географска положба во Македонија, ниту сме против изградба на коридорите како што се дел од коридорот 10д и дел од коридорот 8, што се всушност и во програмата на ВМРО-ДПМНЕ. Против сме, работната недела, бидејќи постои одлука на Уставниот суд, да ја продолжите од 40 на 60 работни часа, а да потпишете договор што ќе опфати пенали во вредност од повеќе од 200 милиони евра. Да, за тоа сме против и за тоа ќе има одговорност, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од општина Градско прашан за коментар за изградбата на коридорите 8 и 10д од„Бехтел и Енка“.

    – Против сме, ако во услови на арбитража и спор со фирмата изведувач, македонското законодавство го суспендирате и да важи законодавството на Англија и Велс, кое што по својата природа е различно од македонското, односно, македонското е континентален модел, а ова е англосаксонски модел. Против сме кога ќе се трошат буџетски пари, пари од граѓаните, да се суспендира Законот за јавни набавки, како што тоа го бара ДУИ поддржана од помалиот партнер СДСМ – рече Мицкоски.

    Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е против да се гради овој голем проект без да биде извадено одобрение за градба. ВМРО-ДПМНЕ е против, истакна Мицкоски и да се наплаќаат цени за асфалт, за бетон, за расчистување на терен два до три пати поголеми од тие што се пазарни и дивоградбите да се експроприраат по цена која што е иста како и легалните градби.

    – И конечно, сме против криминалот кој што е присутен во овој проект – истакна Мицкоски.

    Според него, има еден начин власта да докаже дека навистина се грижи за Македонија, за македонското стопанство, за граѓаните, а тоа е истите овие услови што ги потпишала, да им ги даде на македонските компании, да ги собере без разлика дали сопственик на македонската компанија е Македонец, Албанец, Турчин, Ром, Влав, Бошњак, Србин.

    – Еве нека ги соберат компаниите во Македонија и нека кажат еве го проектот сработете го вие. Не да ми кажуваат дека 30, 40, 50 проценти ќе бидат македонски работници, нека биде 100 проценти ако навистина се грижат за македонското стопанство и за македонските граѓани. За тоа сме против и ќе бидеме против и жестоко ќе се бориме да го исправиме сето ова. Не сме против да се гради. Ние сме партија која е позната по градењето, по реализација на проекти. Не сме против компании реномирани, но сме за нашите македонски компании и ќе продолжиме да се бориме за нашите македонски компании и сѐ ќе направиме идната влада на ВМРО-ДПМНЕ за нашите македонски компании да им овозможи да имаат услови за работа со кои што ќе вработуваат наши македонски граѓани – рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img