Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со премиерот на Албанија, Еди Рама.
„Остварив средба со премиерот на Албанија, Еди Рама. Регионот може да се развива само доколку забрзано се работи за иднината и за просперитетот на сите граѓани. Да се фокусираме околу точките кои не обединуваат и се основа за развој и за градење добри односи. Време е да се отпочне ново време на рамноправен дијалог и искрени пријателства“, објави премиерот Христијан Мицкоски на својот профил на Фејсбук.