Мицкоски му рекол на специјалниот пратеник дека власта се спрема за опозиција

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Ризикот од одвојување на Македонија од останатите, без исполнување на потребните европски барања е неизбежен, му порачал специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин, на претседателот на Собранието Талат Џафери денеска во Скопје, каде имаше и посебна средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Специјалниот пратеник Сарацин ја поздрави одличната соработка со германскиот Бундестаг и особено размената на искуства за собраниското обезбедување. Во рамки на својата функција, ја понуди помошта и поддршката за унапредување на процесот на евроинтеграции, истакнувајќи дека Сојузна Република Германија посакува процесот на уставни измени да се заокружи што е можно поскоро. Имајќи ја предвид можноста за отворање преговори со Украина во декември оваа година, ризикот од одвојување на нашата земја од останатите, без исполнување на потребните европски барања е неизбежен. Од тие причини, важно е како ќе биде формулирано прашањето за донесување на уставните измени, но уште поважно е да не се потценува временскиот период за нивно донесување. Негово видување е дека многу време е изгубено во регионот, а тековната динамика во ЕУ за забрзување на процесот на проширување не смее да се пропушти“, соопшти Собранието по средбата.

 

Како што соопшти Собранието, беше потенцирана изразено видливата парламентарна соработка со германскиот Бундестаг во последните неколку години на сите нивоа, вклучително и ИПС стипендиската програма и проектот за независно собраниско обезбедување. Претседателот Џафери информираше и за активностите кои како земја ги преземаме во однос на обврските од членството во НАТО, за поддршката на Украина, како и за актуелниот процес за пристапување кон измена на Уставот како единствен предуслов кој треба да се заокружи за отворање на преговарачките поглавја.
На средбата на Сарацин со Мицкоски стана збор за актуелните политичко економски состојби во државата и реалните предизвици со кои се соочуваат граѓаните.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски истакна дека со последните измени на кривичниот законик кој ги направи власта со европско знаменце всушност се подготвува за опозиција и директно ги амнестира своите кадри кои во ова гледаат начин да ја одбегнат правдата. Еден од најважните приоритети на идната Влада ќе биде борбата против корупција, истакна Мицкоски.

Како што соопшти ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски ги истакна реалните проблеми на граѓаните како што се недостатоците во образование, немањето учебници, проблемите во економијата, високата инфлација и редица други неуспеси кои потврдуваат дека власта е далеку од споделувањето на европските вредности и цели.

Исто така беше разговарано и за уставните измени при што Мицкоски го реафирмираше ставот дека оваа влада нема легитимитет за таков чекор и дека прифаќање на бугарски диктат нема да се случи.

Share This Article