Мицкоски му порача на народот да биде спокоен

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Уставот нема да се смени, а преговарачката рамка нема да биде прифатена. Ова го порача лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, непосредно по завршувањето на собраниската седница на којашто беа изгласани заклучоците за францускиот предлог.

Тој пред камерите покажа документи кои пратениците од опозицијата ги потпишале и ги завериле на нотар, а со кои ветуваат дека нема да прифатат промена на Уставот.

– Сакам јасно и гласно да се знае дека ништо не е готово, а народот не смее да очајува. Борбата продолжува и ќе победиме. Информацијата којашто денеска помина во Собранието нема никакво значење затоа што рамката ја усвојува Владата. Затоа, обврските кои произлегуваат од преговарачката рамка, а тоа е промена на Уставот со цел внесување на Бугарите, нема да помине во македонското Собрание. За тоа гаранција е ВМРО-ДПМНЕ и коалциијата. Народот може да биде спокоен. Ова не е 2019 година. Ова што го држам во рацете се документи потпишани од пратениците од опозицијата и заверени на нотар, а во кои се вели дека пратениците ветуваат дека нема да дозволат отворање на македонскиот Устав. Сите овие изјави се нотарски заведени. Нема отстапување ниту милиметар. Нема чекор назад, оти зад нас остана сѐ што имаме – порача Мицкоски.

Тој му се заблагодари на народот кој масовно излезе на улиците и не само што покажал дека Македонија е жива, туку демонстраирал невидена енергија.

– Многумина приоѓаа и многумина даваа поддршка. Ова не беше битка ниту моја, ниту на партијата. Заслугата е на народот. Илајдници луѓе излегоа на улиците и кажаа што мислат за францускиот предлог – рече Мицкоски.

Share This Article