More

    Мицкоски, кој во Дубровник учествуваше на Самитот посветен на Украина, се сретна со Зеленски

    spot_img

    Премиерот Христијан Мицкоски, кој во Дубровник учествуваше на Самитот посветен на Украина, се сретна со претседателот на Украина Володомир Зеленски.

    „Остварив средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Изразив поддршка и стремеж за остварување на целта за траен мир“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

    Во состав на македонската делегација беше и министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски.

    Самитот „Украина-Југоисточна Европа“ го отвори хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

    Ова е трет самит организиран во овој формат. Првиот беше организиран во август 2022 година во Атина, а вториот во февруари годинава во Тирана. Главната цел е искажување на солидарност и поддршка на Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img