Убеден сум дека на следните избори ДУИ ќе биде многу непријатно изненаден од бројот на освоени гласови и пратеници во македонскиот Парламент, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Република.
– Ова раководство на ДУИ и дел од луѓето кои се дел од него се сериозно според индициите и информациите кои ги имаме, длабоко вплеткани во криминал. Нашата посакувана опција е така наречената албанска опозиција. Видовме пред некој ден окрупнување околу таа опозиција – рече Мицкоски.
Според него, треба да му се даде шанса на раководството на ДУИ да поминат во опозиција одреден период за да се освежи со нови идеи, бидејќи сегашните им се конфузни и испраќаат лоша порака.
-Гледате како од онаа зелена агенда почнаа до обединета Албанија. Водат политика од денес за утре. Додека одат од еден на друг споменик се возат во Ролс Ројс, Мајбах, купуваат мултимилионски имоти. Пораката не е добра – рече Мицкоски.
Тој вели дека на претстаојните парламентарни избори ќе биде носител на листа во првата изборна единица.
-Јас сум роден во Скопје, тука сум израснат, живеам во општина Карпош, општина Карпош е дел од изборната единица 1 и логично е тоа да биде практично единицата во која што би ја предводил листата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата – потенцира Мицкоски.
Се осврнува и на случајот Онкологија, истакнувајќи дека е преседан на кој што мора да му се стави крај и оти потребни се имиња, односно да се впери прстот кон вистинските виновници и да не се генерализираат работите.
-За оваа афера има многу прашања но нема одговори, воопшто не знаеме ни дали има предистрага, но знаеме дека оваа канцер мафија и омилената веледрогерија се во една тесна коалиција и јас ви ветувам дека за неколку месеци од денеска, кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи владата во Македонија, сериозно ќе се занимава со работењето на оваа клиника – рече Мицкоски