More

    Мицкоски ќе бара гаранции од ЕУ и од САД за уставните измени

    spot_img

    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕХристијан Мицкоски во вечерашното интервју во Тема на денот во централниот дневник на ТВ Сител вели дека на вчерашната лидерска средба со Димитар Ковачевски понудил три датуми за избори оваа есен или широка влада, како и заштитен идентитет и брза интеграција во Европската унија.

    – Му го кажав мојот предлог за избори кои би се случувале оваа есен, како три можни датуми ги предложив 24 септември, први или осми октомври. Да одиме на избори, тој кој што ќе биде поразен да го поддржува победникот во одбрана на националните интереси. Значи да бараме гаранција за многу вековниот македонски идентитет, култура, традиција, посебност, обичај и јазик од Европскиот совет и преземав обврска преку премиери на земји членки таа точка да ја ставиме на дневен ред. И бидејќи сите велиме никој нема против македонскиот идентитет тогаш нема причина зошто таа точка да не биде на дневен ред и да се добие таков документ со кој што ќе се добие документ со кој што ќе биде потврда на македонскиот идентитет, од страна на највисокото европско тело, а тоа е Европскиот совет, каде што членуваат шефови на влади и држави од земји членки на Европска Унија. А од друга страна ќе ги видиме вистинските намери на нашиот источен сосед, дали е идентитетот проблем или не е – рече Мицкоски.

    Тој додаде дека важно е да важат уставните измени тогаш кога Македонија ќе стане земја членка на ЕУ.

    – Ако ја гледаме преговарачката рамка таму ќе видиме дека никаде експлицитно не стои дека ние мораме да го промениме Уставот, никаде не стои. Заклучоците на Советот ако Советот има добра и чесна намера кон Македонија може да толкува дека Македонија ја завршила својата обврска, се случил процесот на гласање, но не може да бидат полноправно важечки се до моментот додека државата не биде членка земја на ЕУ – кажа Мицкоски.

    Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ цени дека доколку некој навистина сака Македонија да ја види во ЕУ тогаш тоа ќе го направи инаку во спротивен случај ВМРО-ДПМНЕ нема намера да поддржи било какви уставни измени кои ќе значат неизвесност во процесот на преговори.

    Запрашан за тоа под услов уставните измени да важат одложено, дали ВМРО-ДПМНЕ би ги прифатило овие измени кои сега влегуваат во собраниска процедура кои Владата треба да ги испрати, Мицкоски одговори дека тогаш ќе достават предлог, а позади тој предлог ќе бараат гаранти, а тие гаранти треба да бидат ЕУ и САД, за таквиот предлог да се достави до Собранието.

    – Тој предлог ќе биде доставен до овие две институции односно канцеларијата на Европската Унија и САД каде тие да бидат гарант на тој процес дека Македонија ќе ги примени овие уставни измени во својот Устав оној ден кога ќе почне ратификацијата на пристапниот протокол од земјите членки во ЕУ – дециден е Мицкоски.

    Претседателот Мицкоски посочи дека се понудил да побара економски пакет за проекти за суштински потреби на граѓаните во форма на грант и кредитна линија за македонското стопанство.

    – Второ, реков дека ќе разговарам јас бидејќи сме од истото семејство на ЕПП со Урсула Фон Дер Лајен и ќе побарам економски пакет за проекти за суштински потреби на граѓаните, во форма на грант кој што ќе биде дел од буџетот на Европската комисија за 2024 година. И побарав кредитна линија за македонското стопанство за да може македонското стопанство да се подготви за процесот на пристапување кон ЕУ и да може подготвено да го пречека тој процес – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

    Мицкоски потенцираше дека му предложил на Димитар Ковачевски да се бара од Бугарија да имплементира барем 3 пресуди донесени од Судот за човекови права, укажувајќи дека покрај евроинтеграции, се зборува и за добрососедство, додавајќи дека не може само Македонија да биде добра и да испорачува, но како што рече, Ковачевски ги одбил предлозите.

    Тој истакна дека не е точно дека со барањата од ВМРО-ДПМНЕ се прави упад во преговарачката рамка.

    –  Никаде не стои во преговарачката рамка дека треба да го промениме Уставот. Ова е обична формалност за која се бориме, бидејќи нема да поддржиме било какви услови кои би знаечеле неизвеснот во процесот на преговори – истакна Мицкоски.

    Тој истакна дека доколку се исполнат одредени услови и направат преодна широка влада со СДСМ, со тоа подобро ќе го контролираат изборниот процес, а како прво министерство што ќе го бараат, тој го посочи МВР

    Мицкоски објасни дека не го амнестира СДСМ од сторениот криминал со тоа што истакнува дека не би влегол во влада во која е и ДУИ, поради тоа што „интегративците се  креатори на неуспешните политики.

    – ДУИ ги креира владините политиките. Деновиве гледав вести и единствените пораки кои доаѓаат се од министрите кои не се од СДСМ, дали е правда, здравство, економија итн. Тоа се двигателите на политиките на Владата. Што се однесува до СДСМ – секој оној што се огрешил, ќе одговара родена сестра да ми е. Преодната влада, доколку дојде до неа, нема да биде амнестија за СДСМ – нагласи Мицкоски.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img